Најновиот, супер моќен член на Галакси семејството – Галакси Ноут9 (Galaxy Note9) претставен во Македонија

- Advertisement -

Галакси Ноут 9 (Galaxy Note 9) – создаден да го следи секој ваш чекор во динамичното секојдневие со својот целодневен перформанс, ново “С“ Пенкало (S Pen) и неверојатна камера

 Компанијата Самсунг Електроникс (Samsung Electronics Co., Ltd.) денес во Македонија го претстави Галакси Ноут9 (Galaxy Note9) – најновото дополнување на својата серија премиум Ноут (Note) уреди. Новиот Галакси Ноут9 обезбедува неверојатни перформанси, ново “С“ Пенкало (S Pen) со можност за Блутут (Bluetooth) поврзување и најинтелигентна Самсунг камера.

Галакси Ноут9 е новото дополнување на нашата Ноут серија која од година во година ги надминува очекувањата на корисниците кога станува збор за перформансите и иновативните технологии кај паметните телефони. Овој уред поседува голем број на импресивни карактеристики кои ќе им помогнат на корисниците да го извлечат максимумот од своите секојдневни активности, без разлика на тоа каде се наоѓаат.” – изјави Марјан Блажевски, Директор за продажба на телекомуникациски производи на Македонскиот пазар во Компанијата Самсунг Електроникс, во рамки на официјалното претставување на Галакси Ноут9.

- Advertisement -

 

 

- Advertisement -

Како и своите претходници, новиот член на семејството Галакси – Галакси Ноут9 е препознатлив по најновите иновативни решенија на Самсунг. Го креиравме премиум паметниот телефон Галакси Ноут9 за сите динамични луѓе кои го сакаат максимумот, од сѐ. Со врвната изведба, овој уред ќе го олесни и подобри секојдневното функционирање на голем број корисници и ќе го следи секој нивен чекор.“ – изјави Милан Вујовиќ, Маркетинг Директор во Компанијата Самсунг Електроникс за Адриатик Регионот.

Корисниците на паметни уреди секојдневно се потпираат на своите телефони за речиси сè што прават. Тие имаат потреба од телефон кој нема да ги изневери, а Галакси Ноут9 со својата батерија од 4.000 mAh со долготрајна моќност за целодневна употреба овозможува разговори, пишување, играње игри и гледање филмови од утро до вечер. Ноут9 е достапен со внатрешна опција за зачувување податоци од 128GB. Со можноста за вметнување микроСД (microSD) картичка, новиот уред обезбедува доволно простор за омилените содржини на корисниците. Галакси Ноут9 е супер моќен паметен телефон со најсовремен 10nm процесор и поддршка за највисоките мрежни брзини достапни на пазарот (до 1,2 гигабити во секунда). Овој паметен телефон го вклучува и водечкиот во индустријата, развиен од Самсунг, систем за ладење со вода и јаглерод и алгоритам за адаптирање на перформансите базиран на вештачка интелигенција (АИ), за да ги испорача моќните, но стабилни перформанси.

- Advertisement -

Дел од најновите Самсунг иновации пристигнуваат во форма на Самсунг Галакси “С“ Пенкалото – карактеристичниот белег на Ноут серијата кој овој пат пристигнува со многу повеќе можности и функционалности. Со поддршка за Блутут Ниска-Енергија (Bluetooth Low-Energy – BLE), новото “С“ Пенкало нуди сосема нов начин за користење на Ноут уредот. Со само еден клик, сега корисниците може да се направат “селфи“ и групни фотографии, да презентираат слајдови, да паузираат и пуштаат видео содржини.

Предизвик за сите корисници на паметни телефони е креирањето на совршена фотографија која ќе изгледа исто како оние направени од професионалците. Со помош на Галакси Ноут9, кој се базира на водечката технологија за камери на Самсунг, корисниците имаат на располагање нови можности – оптимизација на сцена и итни известувања доколку фотографијата не е во ред. Овие функции помагаат за креирање на неверојатно реалистична слика со јасни бои и динамичка дефиниција, без заматувања, отисок и прашина на објективот или задно осветлување што влијае на квалитетот на фотографијата. Со уникатната комбинација на нови функции и водечки премиум хардвер, со напредна технологија за намалување на шум и објектив со двојна решетка, која се прилагодува на светлината исто како човечкото око, камерата на Галакси Ноут9 обезбедува кристално чисти и совршени фотографии.

Галакси Ноут9 пристигнува со Супер АМОЛЕД (Super AMOLED) Бесконечен Екран (Infinity Display) од 6,4-инчи со досега најголем приказ од еден до друг раб од целата Ноут серија, за навистина извонредно мултимедијално искуство. Надополнет со стерео звучници, подесени од АКГ (AKG) и способност да се испорача извонредно аудио од Долби Атмос (Dolby Atmos®), видеото гледано од мобилен уред е одлично искуство.

Галакси Ноут9, со помош на Самсунг Декс (Samsung DeX) интегриран во самиот уред, нуди и искуство слично на користење на компјутер. Корисниците можат да работат на своите презентации, да ги уредуваат фотографиите и да го гледаат омиленото шоу, сето ова преку својот телефон. Кога е поврзан со монитор, Галакси Ноут9 може да напојува виртуелен десктоп, па дури и да служи како целосно функционален втор екран. Корисниците може да креираат белешки со “С“ Пенкалото додека гледаат видео или да го користат Галакси Ноут9 за да повлечат и постават содржини од една во друга папка, за десен клик или да користат повеќе прозорци на мониторот.

Премиум Галакси технологиите – брзо безжично полнење, “IP68“ отпорност од вода и прав и услугите како Самсунг Здравје (Samsung Health) и Самсунг Плати (Samsung Pay) се составен дел од Галакси Ноут9. Новиот уред ја содржи и карактеристичната сигурносна платформа “Knox“ со биометриски безбедносни опции. Со помош на “SmartThings“ апликацијата Галакси Ноут9 им овозможува на корисниците да ги контролираат поврзаните уреди. Доколку им е потребна помош, корисниците може да го користат персонализираниот интелигентен асистент – Бигзби (Bixby). За сите вљубеници во музиката, Самсунг преку Галакси Ноут9 со новиот долгорочен партнер, Спотифај (Spotify) ги прави лесни, достапни и беспрекорни синхронизирањето и преносот на песните, плејлистите и подкастите на Самсунг уредите.

Галакси Ноут9 на македонскиот пазар ќе биде достапен од 24. август 2018 година, а корисниците ќе може да го одберат својот модел во Полноќно Црна и Лаванда Виолетова нијанса, како и новата Океанско Сина нијанса со уникатно жолто “С“ Пенкало. Препорачаната продажна цена за Самсунг Галакси Ноут9 изнесува 59.999 денари, а сите заинтересирани купувачи ќе може да го набават уредот од салоните на продажните партнери на Самсунг – Македонски Телеком, ВИП, Сетек и Нептун.

На настанот на кој официјално беше претставен новиот Галакси Ноут9 уред, присутните можеа да го погледнат и новиот Галакси Часовник (Galaxy Watch). Новата генерација на паметни часовици од Самсунг има подобрена батерија во споредба со својот претходник, а вклучува и функции како следење на фитнес активностите и мониторинг на спиење. Благодарение на елегантниот дизајн, Галакси Часовникот може да се комбинира со различни модни стилови, а ќе биде достапен во три верзии – сребрена со дијаметар на циферблат од 46 милиметри, како и црна и златна со дијаметар на циферблат од 42 милиметри. Препорачаната продажна цена за Галакси Часовникот изнесува 19.999 денари за моделот со дијаметар од 46 милиметри, односно 18.999 денари за 42 милиметарскиот модел. Сите заинтересирани ќе може да го набават својот Галакси Часовник  од 21 септември од салоните на продажните партнери на Самсунг – Македонски Телеком, ВИП, Сетек и Нептун.

За повеќе информации за Галакси Ноут9 и Галакси Часовникот, посетете ги http://www.samsungmobilepress.com, news.samsung.com/galaxy или www.samsung.com/galaxy.

 

Сподели!
- Advertisement -