Германската софтверска фирма SAP стана највредната европска технолошка компанија денес, откако холандскиот производител на чипови ASML загуби повеќе од 60 милиони евра од пазарната вредност поради намалените изгледи за приходи од продажба во 2025 година.
Акциите на SAP пораснаа за 52 отсто оваа година бидејќи компанијата со седиште во Валдорф имаше корист од порастот на приходите од облак компјутерите и зголемената побарувачка за апликации кои користат вештачка интелигенција (ВИ).
Наспроти тоа, вредноста на акциите на АСМЛ вчера падна за 16 отсто и денеска вкупната пазарна вредност на компанијата на берзата Еуронекст во Амстердам се проценува на 258,89 милијарди евра.
„Intel, TSMC и Samsung ги повлекуваат нарачките од ASML бидејќи сфаќаат дека имаат доволно капацитет“, рече Ден Хачисон, потпретседател на аналитичката компанија Tech Insights.
Компанијата ASML има виртуелен монопол на машините кои користат технологија на екстремна ултравиолетова литографија (EUV) и се неопходни за производство на најмодерни чипови, пренесува Reuters.