Започна продажбата на авио билети на Визер за Барселона, Лион и Штутгарт

- Advertisement -

По средбата помеѓу генералниот директор на ТАВ Македонија, Неџат Курт, и управниот директор на Визер, Роланд Тишнер, започна продажбата на билети за трите нови авиолинии од Меѓународниот аеродром Скопје до Барселона, Лион и Штутгарт.

Од мај 2025 година, патниците ќе можат да ги истражуваат Барселона, позната по уникатната архитектура и живописната култура; Лион, гастрономскиот и историски бисер на Франција; и Штутгарт, градот на автомобилската индустрија и зелените паркови. Истовремено, туристите од овие европски градови ќе добијат можност да ги откријат природните убавини, историјата и традициите на Северна Македонија.

- Advertisement -

„Со задоволство го објавуваме враќањето на Барселона како дестинација, која беше најпосакуваната рута од нашите патници. Покрај тоа, воведуваме и нови летови до Лион и Штутгарт, со што го прошируваме изборот за патниците. Ова е значаен чекор кон подобра поврзаност и поголема удобност,“ истакна Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија.

Летовите до Барселона започнуваат на 3 мај 2025 година, сообраќајќи вторник и сабота, додека до Лион ќе се лета од 1 мај 2025 година три пати неделно – вторник, четврток и сабота. Летовите до Штутгарт стартуваат на 29 септември 2025 година и ќе се изведуваат понеделник, среда и петок.

- Advertisement -

„Со овие нови линии ја покажуваме нашата посветеност да обезбедиме достапни и удобни патувања за нашите патници, истовремено овозможувајќи нови туристички можности за посетителите од Западна Европа,“ додаде Роланд Тишнер, управен директор на Визер Унгарија.

Резервациите се достапни на официјалната веб-страница на Визер и преку мобилната апликација. Цените започнуваат од 24,99 евра за Штутгарт, 29,99 евра за Лион и 31,99 евра за Барселона.

- Advertisement -

Фото – Pxhere

Сподели!
- Advertisement -