Тимот на Inovativnost Insights имаше голема чест приказната за тимот студенти-ентузијасти кои го конструираа првиот македонски болид кој учествуваше на Формула Студент, меѓународниот натпревар во Загреб, да ја сними во лабораторијата на Машинскиот факултет при УКИМ каде што тие интензивно работат на развој на втората, подобрена верзија на “Аце“.
Студентскиот тим е составен од повеќе студенти од различни факултети од УКИМ и досега во развојот на македонскиот тркачки автомобил учествувале стотина студенти и професори. Проектот е скап, велат од тимот, а средствата го обезбедуваат делумно од Универзитетот, делумно од донации кои и годинава се повеќе од добредојдени.
Димитар и Стефан од тимот на МЕS Racing ни раскажаа се за минатогодишното натпреварување во Загреб на тест патеката на „Rimac”, за личната средба со Мате Римац и за амбициозните планови за поголем успех на македонскиот тим на ова престижно натпреварување претстојново лето.
Новинар – Верица Јорданова
Снимател – Синиша Илијески