АЕТМ: Последна можност за гласање – Поддржете ја вашата омилена е-продавница!

- Advertisement -

Јавното гласање за „E-commerce Awards 2024“ влегува во својата завршна фаза – денес е последен ден да дадете поддршка на вашата омилена е-продавница. Ова е можност да им оддадете признание на е-трговците кои се издвојуваат со својата посветеност, иновации и врвна услуга во македонската е-трговија.

Оваа година, „E-commerce Awards 2024“ ги наградува најдобрите македонски е-продавници во 23 категории, поделени во три главни секции. Со повеќе од 200 номинирани е-трговци, гласот на потрошувачите игра клучна улога во изборот на најдобрите.

- Advertisement -

Гласањето е отворено за сите граѓани и се одвива на официјалната веб-страница www.ecommerceawards.mk. Процесот е едноставен и бесплатен – потребно е само да ја внесете вашата валидна е-мејл адреса за потврда на гласот. Рокот за гласање истекува вечерва во 23:59 часот.

Како се избираат победниците?

По завршувањето на јавниот дел од гласањето, следува оценување од страна на стручното жири на овогодинешниот избор. Во конечниот резултат, гласовите од публиката носат 60%, додека пак гласовите на жири-комисијата носат 40%. Категоријата „Најпопуларна е-продавница“ е единствената категорија каде што победникот се избира исклучиво врз основа на гласовите од јавноста, што ја прави оваа награда вистински одраз на довербата и задоволството на онлајн купувачите.

- Advertisement -

Што добиваат победниците?

На свечениот настан за доделување на наградите кој ќе се оддржи во март 2025 година, победниците со најмногу поени ќе добијат престижни статуетки како признание за нивната извонредност во е-трговијата и виртуелни беџови со освоената награда кои ќе можат да ги постават на своите е-продавници, и со кои ќе можат да влијаат за зголемување на довербата кај постојните и потенцијалните онлајн купувачи.

Зошто е важен овој избор?

- Advertisement -

„E-commerce Awards 2024“ не е само избор – тоа е иницијатива што има за цел да го поттикне развојот на македонската е-трговија и да ги истакне најдобрите практики, да ја зголеми конкурентноста и да ги мотивира е-трговците за подобрување на нивните услуги, но и да им даде глас на потрошувачите, кои преку своите гласови можат да влијаат врз тоа кои е-продавници ќе добијат признание за својата работа.

Оваа година, наградите за е-трговија се организираат со поддршка на PRIME партнерите – ИУТЕ и Mybox, како и други реномирани партнери од приватниот сектор, кои заедно придонесуваат за развојот на е-трговијата во Македонија.

Повеќе детали за изборот може да погледнете на официјалната веб страница: https://ecommerceawards.mk/

Сподели!
- Advertisement -