Миноски: Прокредит банка поддржува климатска акција и електромобилност со еко-кредити!

- Advertisement -

Како ПроКредит Банка ја поддржува климатската акција? Единствена банка со поволен автомобилски кредит за хибридно возило, грантови за енергетска ефикасност. Од самите климатски акции на ПроКредит пример може да земат сите компании, како да бидат поодговорни, помалку да трошат енергија, да бидат самоодржливи, да ја чуваат животната средина, да поттикнуваат зелени економски принципи на работа … прочитајте во интервјуто со Методиja Миноски од ПроКредит

ПроКредит Банка е компанија со сопствена стратегија за управување со животната средина и определба за поволни еколошки кредити за зголемување на електромобилноста и подобрување на енергетската ефикасност на домовите. Со Методи Миноски раководител Координатор на Оддел за животна средина разговараме за кредитната понуда на ПроКредит Банка, важноста за поголема информираност на корисниците за поволните еко финансии, но и за примерите кои самата банка ги постави со користење на електрични возила за службени потреби, изградба фотонапонска централа за чиста електрична енергија, многу акции за вклучување на самите вработени во заштита на животна средина. Во кампањата „Климата за менува, зошто не и ти“ од ПроКредит банка порачуваат бизнис секторот да преземе #КлиматскаАкција, поефикасно да ги користи ресурсите, да го намали влијанието врз животната средина и при наоѓање на финансии да ги искористи можностите на еко кредитите.

- Advertisement -

Извор – www.klimatskipromeni.mk

КлиматскиПромени: Вие сте прва финансиска институција која на пазарот понуди привлечен автомобилски кредит со поволни услови за купување на електрично или хибридно возило. Која беше вашата главна помисла при креирање на ваков кредитен производ?

- Advertisement -

Миноски: ПроКредит Банка АД Скопје е дел од интернационална групација на банки со седиште во Франкфурт, Германија која во рамки на своето работење се стреми кон зачувување на животната средина. Воведувањето на еко автомобилски кредит со поволни услови е поврзана со еко стратегија и е една од одлуките со кои ПроКредит Банка сака да придонесе за зголемување на електро-мобилноста во С.Македонија.

Очекуваме дека можноста за користење на поволни кредити за купување на електрични и хибридни автомобили, во комбинација со зголемување на понудата за ваков тип возила на македонскиот пазар ќе придонесат за зголемување на свеста за многубројните придобивки од овие автомобили. Со зголемување на употребата на еко автомобили придонесуваме за:  намалување на загадувањето на воздухот, кое е значително изразено во градските средини, намалување на бучавата, емисиите на јаглерод-диоксид (CO2) и климатските промени, a дополнително остваруваме и заштеди во поглед на потрошувачка. Споредено со конвенционалните возила на фосилни горива,  еко автомобилите имаат неколку-кратно пониски трошоци за возење.

- Advertisement -

КлиматскиПромени: Какви се досега ефектите од специјалниот автомобилски кредит, колку корисници аплицирале за да купат ново електрично или хибридно возило?

Миноски: Имајќи ја во предвид понудата на електрични и хибридни автомобили на македонскиот пазар, како и пристапот до јавни полначи за овие возила, позитивно сме изненадени од интересот кај граѓаните и компаниите во С.Македонија кои сакаат да инвестираат во еко автомобил. Во текот на 2019 година финансиравме околу 350.000 евра за кредити наменети за набавка на 20 електрични/хибридни возила. Свесноста за придобивките од користење на овие автомобили постепено расте и се радуваме што секојдневно сретнуваме клиенти кои планираат идни инвестиции во еко автомобили.

КлиматскиПромени: Исто така доста поволни услови се нудат и во еко кредитот со можност за грант до 20%. Дали како банка имате консултации со апликантите за еко кредитот кои енергетски ефикасни мерки се најдобри да ги преземат и притоа да добијат соодветно финансирање?

МиноскиВисоко-квалитетната и професионална услуга за клиентите е еден од приоритетите на ПроКредит Банка. Тому поради оваа причина при секоја апликација за зелен кредит разговараме со клиентите за видот на планираната инвестиција, бенефитите кои би се оствариле со истата и можноста за имплементација на алтернативни технологии за истата намена. Согласно потребите, приходите и можностите на секој клиент одделно заеднички определуваме рок на отплата на кредитот и висина на ратите.

КлиматскиПромени: Како институција имате развиено и еко стратегија за интерно управување со животната средина, управување со ризикот од животна средина кај кредитирањето и зелено финансирање. Како ги реализирате овие определби?

МиноскиКако што напоменавте, ПроКредит Банка има имплементирано систем за управување со животна средина кој се темели на три типа активности. Пред се, како дел од нашата корпоративна култура, се интерните активности кои придонесуваат за намалување на негативното влијание кон животната средина. Тука може да ги напоменеме: изградба на сопствена фотонапонска централа за производство на чиста електрична енергија за покривање на дел од потребите за енергија во Централната Управа, инсталација на систем за греење и ладење со геотермални пумпи, селекција на отпад при секојдневното работење) и голем број на дополнителни акции за зголемување на свеста за чиста животна средина меѓу вработените.  За истакнување е и фактот дека нашиот возен парк се состои од 60% електрични и хибридни возила или (9 електрични и 2 хибридни возила, кои секојдневно ги користиме за посета на нашите клиенти.

Покрај оваа мерка, со цел управување со ризикот од животна средина кај кредитирањето, секоја кредитна анализа за проектите кои ги финансираме вклучува и проценка на социјалниот ризик и ризикот кон окружувањето. Во рамки на оваа постапка може да се дефинираат и предлог мерки кои компаниите треба да ги имплементираат со цел намалување на негативното влијание кон животната средина. Дополнително, ПроКредит Банка има дефинирано листа на високо -ризични бизниси за општеството и животната средина со кои не започнува соработка.

Промоција на зеленото финансирање ја опфаќа понудата на ПроКредит Банка за кредити за електрични и хибридни возила, кредити за енергетско ефикасни инвестиции во домовите или бизнисите, кредити наменети за бизнисите за производство на електрична енергија од обновливи извори на енергија, мерки за заштита на животната средина и слично. Досега имаме исплатено преку 80 милиони евра за зелени кредити, кои се застапени со 15% во вкупното кредитно портфолио на банката.

КлиматскиПромени: Кои се мерките кои ги презема Прокредит банка и вработените за справување со последиците од климатските промени, што вие би му порачале на бизнис секторот, но и на сите поединци, како да се вклучат во кампањата за преземање на #КлиматскаАкција?

МиноскиПокрај горенаведените мерки кои досега активно ги спроведуваме во нашето работење, во текот на 2020 година ПроКредит Банка има планирано и дополнителни активности за намалување на последиците од климатските промени. Неколку од овие активности се: пошумување на голи предели, зголемување на дрва во градски поддрачја, едукација на најмладите за селекција, рециклирање на отпад и намалување на стакленички гасови, промоција на придобивките за електрични возила и енергетско ефикасни инвестиции во домовите и слично. На бизнис секторот му препорачуваме да ги следи нашите примери за електромобилност и сопствено производство на чиста енергија и да обрне внимание на тоа од каде набавува и како ги користи своите ресурси со цел да не придонесе за зголемување на климатските промени.

Разговараше: Христијан Станоевиќ – ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал

Сподели!
- Advertisement -