САД одбија да потпишат апел за отворена и етичка вештачка интелигенција на самитот во Париз

- Advertisement -


Американскиот претседател Џ.Д. Венс критички гледаше на регулативата и ги предупреди сите да не влегуваат во партнерства со „авторитарните режими

На самитот за вештачка интелигенција во Париз во вторникот, се судрија два светогледи – САД повикаа на ограничена регулатива за да се избегне задушување на растечката индустрија во која доминира и не потпишаа апел за „отворена“, „инклузивна“ и „етичка“ вештачка интелигенција.

На затворањето на дводневниот самит, потписниците на апелот, вклучително и Кина, Франција и Индија, се залагаа за зајакнување на координацијата на управувањето со вештачката интелигенција, што бара „светски дијалог“ и повикаа на избегнување „концентрација на пазарот“ со цел технологијата да се направи подостапна.

Ова е далеку од визијата за која се залагаат САД, кои, како и Обединетото Кралство, не ја потпишаа декларацијата, која ја посакуваше францускиот претседател Емануел Макрон и која носи принципи за регулација за кои постои консензус.
Таа голема средба, на која се собраа политичките лидери и лидерите на најголемите технолошки компании, беше одбележана во вторникот со многу критички говор на американскиот претседател Џ. Венс. Тоа беше негова прва посета во странство откако Доналд Трамп ја презеде функцијата на крајот на јануари и го објави „Stargate“, план за инвестирање во вештачка интелигенција вреден 500 милијарди американски долари.
Спротивно на Европа, која сака побрз развој на вештачката интелигенција со дефинирана правна рамка, Венс се залагаше „да се направи се што е можно за да се поттикнат политиките за раст“ во тој сектор. „САД се лидери во областа на вештачката интелигенција и нашата администрација сака тие да останат такви“, рече тој.

- Advertisement -

Пред да замине од Гранд Пале, местото на одржување на самитот, на ручек во Елисејската палата, Џ. Венс предупреди да не влегуваат во партнерства со „авторитарните режими“, мислејќи на Кина.

„Со здружување со нив, вашата нација ќе се врзе за авторитарен господар кој сака да се инфилтрира и да ја преземе вашата информациска инфраструктура“.

- Advertisement -

Извор – Пословни дневник
Фото – Flickr

Сподели!
- Advertisement -