Веќе не е доволно само да имаме основни апарати за домаќинство; денес, домот бара паметни уреди кои комбинираат стил, функционалност и напредна технологија. Samsung ова многу добро го разбира и артикулира преку својата Bespoke линија на апарати, која ја трансформира секоја домашна активност, од чистење и перење до складирање на намирниците, обезбедувајќи ви уреди кои не само што се ефикасни, туку и интуитивни. Во продолжение, ќе ја разгледаме Bespoke линијата за три клучни уреди во секој дом: фрижидерот, машината за перење и правосмукалката.
Bespoke RF8000BC Фрижидер: Стил и иновации во вашата кујна
Фрижидерот Bespoke RF8000BC не само што ќе внесе стил во вашата кујна, туку и ќе обезбеди напредни функции за оптимално складирање на вашите намирници. Со елегантен дизајн со француски врати, фрижидерот овозможува лесен пристап до внатрешноста, што го прави совршен за модерни кујни. Уникатната Beverage Center технологија е специјално дизајнирана за чување на вашите омилени пијалаци на идеална температура, било да се работи за ладни напитоци или вино.
Технологијата Twin Cooling Plus одржува идеална температура и влажност во секој дел на фрижидерот, така што вашите намирници ќе останат свежи подолго. Вграденото автоматско правење мраз во две величини и постојаната достапност на ладна вода преку диспенсерот прават Bespoke RF8000BC уште поудобен за користење. Со флексибилните полици и фиоки, фрижидерот го максимизира просторот и го прави лесен за прилагодување според вашите потреби.

Bespoke машини за перење: напредна технологија за совршени алишта
Секој ден бара темелно перење, но тоа не треба да биде тежок процес. Bespoke машините за перење WW8400 и WW7400 со вештачка интелигенција го прават перењето полесно и побрзо, автоматски препознавајќи типот на ткаенина и оптимизирајќи го процесот на перење за најдобри резултати. Технологијата AI Wash ќе ја пресмета потребната количина на детерџент и вода, врз основа на тежината, мекоста и степенот на валканост на алиштата, за да ги пере вашите алишта со оптимизирани ресурси. Дополнително, Ecobubble технологијата овозможува перење на ладна вода, без компромис во ефикасноста. Со SmartThings конекција и AI Energy Mode, машината не само што е енергетски ефикасна, туку и интелигентно прилагодува циклуси за најдобри резултати при секое перење, без да троши премногу електрична енергија.

Bespoke Jet AI правосмукалка: интелигентно чистење за безбедно и лесно одржување на домот
Правосмукалката Bespoke Jet AI е дизајнирана да го подигне чистењето на ново ниво. Со моќност на вшмукување до 280W и максимална моќност на моторот од 730W, оваа правосмукалка обезбедува висока ефикасност и долготрајна батерија која трае до 100 минути, што ја прави идеална за целосно чистење на домот. Вештачката интелигенција во правосмукалката автоматски го препознава типот на подот и го оптимизира процесот на вшмукување, овозможувајќи ви поефикасно и побрзо чистење.
Со различни додатоци, вклучувајќи четката Active Dual, LED четката за тесни простори и додаток за миленици, оваа правосмукалка е идеална за секој дом, дури и ако имате домашни миленици. Технологијата за автоматско празнење на резервоарот за прашина го прави чистењето попријатно и хигиенски, без да се грижите за преостанатата прашина. Со SmartThings и Wi-Fi конекција, можете да ја контролирате правосмукалката преку мобилна апликација, што ви овозможува целосна контрола на вашиот уред, без разлика каде се наоѓате.
Bespoke Home апаратите за домаќинство на Samsung се идеални за сите кои сакаат во својот дом да внесат комбинација на напредни технологии, енергетска ефикасност и интуитивен дизајн кои обезбедуваат максимална удобност и перформанси.

Искористете ја промотивната понуда сега
Сега е вистинкиот момент да си дозволите вакви уреди, бидејќи во тек е промотивната понуда со која при купување на одбрани уреди за домаќинството, Samsung ви нуди продолжена гаранција од 5 години, која покрај редовната гаранција од 2 години, вклучува и дополнителни 3 години комерцијална гаранција, како и 3 години за одбрани правосмукалки односно 1 година редовна и 2 години дополнителна комерцијална гаранција Оваа промоција можете да ја користите со регистрирање на вашиот уред и исполнување на условите утврдени во посебни правила за промоцијата. Повеќе информации прочитајте тука.