Северна Кореја ги отвора вратите за туристите

- Advertisement -

Северна Кореја повторно ќе се отвори за туристи, речиси пет години откако нејзините граници беа затворени поради пандемијата на коронавирусот. Засега е познато дека сите патници се добредојдени, освен граѓаните на САД и граѓаните на Јужна Кореја.

Странски туристички агенти влегоа во Северна Кореја за прв пат по затворањето на границата во 2020 година за да посетат нови туристички места. Вработените од туристичката агенција Koryo Tours го посетија пограничниот град Расон како дел од специјалното патување само за персоналот, бидејќи земјата се уште не е целосно отворена за туризам.

- Advertisement -

Целта на посетата беше да се разговара со локални партнери, да се увидат новите туристички локалитети и да се соберат информации за моменталната состојба во туристичкиот сектор. Агенцијата изрази надеж дека наскоро ќе може да го потврди отворањето на Расон за странските туристи.

Оваа вест доаѓа кога Северна Кореја покажува знаци на постепено отворање кон туризмот, прво преку соработката со Русите минатата година. Koryo Tours и Young Pioneer Tours, друга специјализирана туристичка агенција, минатиот месец објави дека Северна Кореја ќе дозволи влез на туристи од Кина и други земји, освен од САД и Јужна Кореја. али би се осмелиле да ја посетите оваа земја?

- Advertisement -

(Bizlife)

(фото: Flickr)

- Advertisement -

Сподели!
- Advertisement -