Стапија на сила новите правила за работењето на маркетите

- Advertisement -

Маркетите и официјално добија обврска да ги објавуваат цените на сите производи на своја веб страница. Собранието ги донесе измените на Законот за заштита на потрошувачите. Образложението е дека граѓаните нс овој начин ќе можат да споредуваат и да одберат од каде ќе пазаруваат. Обврската треба да си ја завршат за 45 дена отсега, а за непочитување се предвидени глоби до 10 илјади евра. Од објавување на цените, ослободени се микротрговците и трговците-поединци.

„Големите, средните и малите трговци кои вршат дејност трговија на мало, со шифра 47 согласно со Националната класификација на дејности – НКД Рев. 2.1, се должни на својата веб-страница да ја објават, одделно за секој свој продажен објект, тековната продажна, односно единичната цена во моментот на објавување на секоја стока што ја нудат за продажба. Усогласувањето на цените ќе се врши на дневна основа“, се наведува во Законот.

- Advertisement -

Откако овој закон ќе стапи во сила, трговците имаат рок од 45 дена да го усогласат своето работење со одредбите од овој закон.

од 20 февруари дел од основните прехранбени производи во маркетите треба да се продаваат со пониски цени, откако Владата донесе мерки за ограничување на бруто-профитната маржа и за замрзнување на цените. 

- Advertisement -

Фото – Pawpixwel

Сподели!
- Advertisement -