Македонија очекува половина милијарда евра грчки инвестиции во енергетиката

- Advertisement -

Премиерот Заев од денешната посета на грчкиот колега Ципрас со неговата владина и бизнис делегација очекува да се зголеми економската соработка и инвестициите, особено во енергетскиот сектор.

За Франс Прес македонскиот премиер истакна дека можен е инвестициски бум од Грција по склучување на Договорот од Преспа, и влез на околу 500 милиони евра во енергетскиот сектор на Република Северна Македонија.

- Advertisement -

– Големи компании со годишни приходи од милијарди доаѓаат – рекол Заев, додавајќи дека во друштво на Ципрас земјава ќе ја посетат големи нафтени компании.

Според него, треба да инвестираат и во градежниот и земјоделскиот сектор.

- Advertisement -

– Република Северна Македонија ќе има големи економски бенефиции од договорот – нагласил македонскиот премиер.

Сподели!
- Advertisement -