Најголемата производствена компанија Џонсон Мети направи стратешко партнерство со Brainster NextCollege за да ги поврзе образованието и индустријата. Ова партнерство ќе доведе до обликување и унапредување на академските програми на Brainster NextCollege како водечка едукативна и иновативна институција.
Партнерството меѓу двете компании се однесува на неколку клучни проекти и модули. Еден од нив е лансирање на модулот „Индустрија”, развиен во соработка со експертите од Џонсон Мети, кој ќе овозможи уникатно искуство на студентите со комбинација на академските знаења со реални индустриски предизвици. Потоа, соработката ќе овозможи унапредување на модулот „Data Science” прилагодувајќи го според најновите трендови и потреби на индустријата.
Студентите од Brainster Next College ќе имаат можност директно да соработуваат со ментори од Џонсон Мети, експерти во својата област, стекнувајќи практично искуство преку реални проекти во областа на технологијата, одржливоста и иновациите.
„Оваа соработка претставува значаен чекор во зближување на образованието и индустријата, создавајќи нови генерации професионалци кои ќе бидат подготвени да одговорат на предизвиците на динамичниот бизнис систем“, велат од Џонсон Мети.