Ова се најпопуларните десерти во светот

- Advertisement -

Иако TikTok е најпопуларната социјална мрежа меѓу помладата генерација, таа стана важен извор на инспирација за рецепти и готвење, а на неа се проширија бројни вирални десерти и јадења.

Анализата на виралните TikTok видеа покажа дека најпопуларните десерти се оние со впечатливи бои, интересни текстури и атрактивни методи на подготовка, кои совршено се вклопуваат во форматот на кратко видео.

- Advertisement -

Покрај модерните fusion јадења, како што се њујоршките кронатс и јапонските таијаки корнети, традиционалните десерти како што се струпвафел и баклава исто така постигнаа голем успех на платформата. Исто така, трендовите како што е чоколадото од Дубаи дополнително придонесоа за популарноста на одредени десерти.

Ова е листата со 20-те најпопуларни десерти во светот според Delish:

- Advertisement -

-Париз, Франција: макаронс
-Рим, Италија: сладолед
-Њујорк, САД: кронат (комбинација од кроасан и крофна)
-Дубаи, Обединети Арапски Емирати: чоколадо Дубаи
-Сеул, Јужна Кореја: танг хулу (зашеќерено овошје на стапчиња за ражен)
-Токио, Јапонија: мочи (торти од ориз)
-Бангкок, Тајланд: кеплив ориз со манго
-Лондон, Англија: бабл вафли
-Истанбул, Турција: баклава
-Барселона, Шпанија: чоколадни чуроси (пржено тесто порибено со шеќер)
-Лисабон, Португалија: пастел де ната (лиснато тесто со фил од жолчки)
-Амстердам, Холандија: струпвафел (тенка вафла полнета со сируо)
-Берлин, Германија: берлинер пфанкухен (берлинска крофна со џем)
-Виена, Австрија: сахер торта (чоколадна торта)
-Копенхаген, Данска: винерброд (данско слатко тесто)
-Мелбурн, Австралија: фрикшејк (сладок шејк)
-Торонто, Канада: јапонски суфле палачинки
-Ванкувер, Канада: таијаки корнет (корнет во форма на риба)
– Мексико Сити, Мексико: пан дулче (сладок леб)
-Буенос Аирес, Аргентина: алфахорес (традиционални јужноамерикански колачиња)

(Buzlife)

- Advertisement -

(фото: Deviant Art)

Сподели!
- Advertisement -