Научници направија протеза за мозокот за подобро памтење

- Advertisement -

Според некои нови истражувања, човечкиот мозок има околу 86 милијарди неврони и со толкава количина можни врски меѓу нив, би очекувале лесно да паметиме се што сме доживеале во животот. Меѓутоа, во реалноста знаеме дека сеќавањето бледи, а кај луѓето со деменција тоа е уште поизразено. За да им помогнат, научници со години истражуваат дали е возможно да се вгради некаков имплант за да се подобри природната состојба на мозокот.

Тим од Универзитетот на Јужна Калифорнија кој го предводи Донг Сонг кон крајот на минатата година го претстави она што го нарекоа „мемориска протеза“. Станува збор за мала сонда со електроди кои можат да детектираат и да репродуцираат сигнали во делот од мозокот задолжен за паметење, хипокампусот. Тие ја всадија таа протеза во мозокот кај 20 волонтери, кои веќе имале електроди во мозокот поради лечење епилепсија, пренесува 24sata.

- Advertisement -

Имплантите ја следеле активноста на мозокот во текот на тестовите во текот на кои им биле покажувани различни облици, а подоцна во текот на вториот тест ги повториле истите сигнали со надеж дека ќе се подобри моќта на паметење. Тестовите тогаш покажале подобрување на памтењето од 15% и на работното паметење од 25%.

Според новата студија, научниците се обидуваат да го хакираат комуникацискиот систем на мозокот со испраќање вештачки генерирани пораки. Во новата студија тоа успеале да го направат на исклучително високо ниво. Се фокусирале на епизодно паметење, односно на информациите кои се корисни одредено време како што се местото каде што сте се паркирале или каде сте ги оставиле клучевите, а тоа паметење може лесно да се оштети. 

- Advertisement -

Волонтерите во новата студија правеле задачи врзани со тоа паметење и истражувачите следеле примероци од електрична активност врзана со складирањето на мемориите. Научнциите забележале активност на 10 до 60 неврони во исто време и нагласуваат дека и кај луѓето со ослабнато сеќавање се забележува активирање на невроните за складирање вистински информации.

На овој начин тие успеале да ги декодираат тие примероци и да синтетизираат код за складирање на вистинските сеќавања, како и да направат вештачка верзија на мозочниот код. Поедноставно кажано, ја снимиле мозочната активност врзана за складирањето одредени информации, направиле математички модел и ја декодирале мозочната активност, а потоа во мозокот го испратиле тој код за постојното сеќавање да работи подобро. Научниците наведуваат дека на овој начин кај волонтерите памтењето се подобрило за околу 35%. Притоа, подобри резултати се забележани кај волонтерите со поголеми проблеми со памтењето.

Сподели!
- Advertisement -