Трамп воведе 50% царини за увоз од Индија

- Advertisement -

Американскиот претседател Доналд Трамп воведе царини од 50% на поголемиот дел од увозот од Индија, обвинувајќи ја владата во Њу Делхи дека со купување евтина руска нафта индиректно го финансира воениот ангажман на Москва во Украина.

Новата мерка, која стапи во сила во средата на полноќ, ќе погоди извоз на Индија вреден 87,3 милијарди долари годишно. Иако дел од клучните производи, како паметните телефони, засега се изземени од тарифите, индустрии како текстилот, накитот и морските плодови се соочуваат со драматичен пад на нарачките и обемот на производство.

- Advertisement -

Индиската влада останува решителна во намерата да продолжи со увоз на руска нафта. Премиерот Нарендра Моди ги повика граѓаните да купуваат домашни производи, додека шефот на дипломатијата, Субраманијам Џајшанкар, оцени дека барањата од Вашингтон се „неоправдани и лицемерни“.

Економските аналитичари предупредуваат дека царините би можеле да го намалат економскиот раст под 6%, а индиските берзи веќе бележат значителни падови. Федерацијата на извозници од Индија соопшти дека бројни производители на облека и текстил за американскиот пазар веќе ја стопирале производството.

- Advertisement -

Трамп претходно воведе идентични мерки и кон Бразил, но не презеде слични чекори против Кина, иако и таа во големи количини увезува руска нафта. Во меѓувреме, Индија ги зајакнува врските со Москва и најавува приближување кон Пекинг.

„Трамп ги загрози годините напорно градено партнерство,“ изјави висок индиски трговски функционер за британскиот Guardian. „Најголемата жртва е довербата, а обновата на односите тешко дека ќе се случи додека тој е на власт.“

- Advertisement -

Фото – Wikimedia.Commons

Сподели!
- Advertisement -