- Advertisement -
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад ги зголеми цените на бензините и дизелот за еден денар. Како што информираат од Комисијата од полноќ цената на Еуросупер БС 95 ќе биде 76, а на Еуросупер БС 98, 78 денари за литар.
Дизел горивото ќе се продава за 69,50 денари, а за еден денар се зголемува и цената на екстралесното масло за горење, кое ќе се продава за 69 денари за лират.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,245 денари за килограм и сега изнесува 37,148 денари.
- Advertisement -