Нови цени на горивата

- Advertisement -

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,28% во однос на Одлуката од 8.11.2021 година.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 1,50 денари/литар, додека малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 денари/литар.

- Advertisement -

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,407 денар/килограм и сега ќе изнесува 41,852 ден/кг.

Од 16.11.2021 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

- Advertisement -

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 75,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 77,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 68,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 67,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 41,852 (денари/килограм)

Во изминатиот седумдневен период референтните цени на светските берзи во просек бележат намалување кај бензинот за 4,081%, кај дизелот зголемувањето за 0,276%, кај екстра лесното масло зголемувањето е за 0,506% и кај мазутот зголемувањето е за 0,672%.

- Advertisement -

Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е повисок за 0,493 % .

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 16.11.2021 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Сподели!
- Advertisement -