Бугарските банки се подготвени да преминат на евро од 1 јануари

- Advertisement -

Елиминирањето на трошоците за конверзија ќе им заштеди на компаниите околу милијарда лева годишно
Бугарските банки денес потврдија дека сите банкомати во земјата ќе издаваат евра од 1 јануари 2026 година, со што официјално ќе започне транзицијата на земјата кон единствената европска валута.

Никола Бакалов, член на Управниот одбор на Здружението на бугарски банки, изјави дека граѓаните ќе можат да подигаат евра директно од банкоматите од првото утро од следната година, објавува порталот „Новините“.

- Advertisement -

Тој ја потсети јавноста дека граѓаните кои имаат големи количини бугарски лева во готово можат да ги депонираат на своите сметки.

Депозитите автоматски ќе се конвертираат во евра по официјалниот курс од 1,95583 лева за евро, на полноќ помеѓу 31 декември и 1 јануари. Овој пристап им овозможува на граѓаните да ги менуваат своите лева за евра без напор и бесплатно.

- Advertisement -

Консверзијата ќе биде бесплатна по 1 јануари и по истиот фиксен курс, но граѓаните не треба да чекаат до последен момент поради гужвите, истакна Бакалов. До крајот на годината, нагласи тој, бугарскиот лев останува официјална валута во Бугарија, а сите трансакции и плаќања можат безбедно да се вршат во лева.

Со усвојувањето на еврото од почетокот на следната година, Бугарија ќе постигне поголем просперитет и безбедност и ќе ја зајакне својата улога во Европската Унија, изјави претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард, во Софија минатата недела. Елиминирањето на трошоците за конверзија ќе им заштеди на компаниите околу една милијарда лева годишно, додаде таа.

- Advertisement -

Фото – Flickr

Сподели!
- Advertisement -