Јапонци направија тест кој може да ги открие тешките случаи на КОВИД-19 и пред да се развијат

- Advertisement -

Јапонски научници развија тест на крв за кој велат дека би можел да послужи како систем за рано предупредување на сериозните случаи на КОВИД-19 и во здравствени установи ширум земјата испратија 500 прототипови на уредот со кој ќе се тестир неговата ефикасност.

Истражувачи од Националниот центар за глобално здравје и меидицна засега тестираа крв од 28 пациенти, при што установиле дека отчитувањето на ниските нивоа на серумот CCL17 претскажуваат развој на сериозна инфекција со корона вирусот.

- Advertisement -

РЕзултатите упатуваат на тоа дека раните тестирања на нивото на тој серум може да придонесат за тоа да се утврди на кои пациенти ќе им биде потребна хоспитализација, објавија научниците во текот на овој месец. Ако на тестовите се покаже пониско ниво од 100 пикограми по милилитар крв од серумот CCL17, докторите ќе може да побараат хоспитализација на пациентите, а ако изнесува над 400, пациентите ќе може да останат дома и кај доктор да се јавуваат на секои три дена, вели водителот на истражувањето Масаја Сугијама.

За да се потрвдат резултатите од таа мала студија ќе бидат потребни повеќе податоци, истакна Сугијама и додаде дека од почетокот на истражувањето на група од 28 пациенти тој и колегите и понатаму соработуваат со јапонска компанија на развојот на прототип за испитување на серумот.

- Advertisement -

Научниците имаат намера да побараат регулаторно одобрување за користење на уредот во Јапонија и ја разгледуваат можноста за лиценцирање и извоз на странски пазари, но не сакаат да го откријат името на компанијата со којашто соработуваат.

(Dnevnik.hr)

- Advertisement -

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -