Златото се проценува на 1,7 милијарди долари, што придонесува за намалување на зависноста на Турција од увоз на скапоцени метали Просечната содржина на злато е 0,89 грама на тон руда со анализи во овластена лабораторија
Рударската компанија Ердемир објави дека открила околу 424.000 унци злато во турската покраина Сивас, чија вредност се проценува на 1,7 милијарди долари. Како што е наведено, станува збор за локација која моментално е класифицирана како „можен извор“ според стандардите UMREK и JORC, а истражните активности на терен продолжуваат, објавува Хириџет.
Досега, околу 45 хектари од вкупно 5.804 хектари од областа каде што е дозволено истражување се испитани како дел од археолошката и геолошката работа.
Извршени се 360 дупчења во вкупна должина од речиси 97.000 метри, а резултатите се анализирани во меѓународно овластена лабораторија во Анкара.
Просечната содржина на злато се проценува на 0,89 грама на тон руда. Во следната фаза ќе се изврши дополнително дупчење за да се провери густината и точната распределба на рудата, што ќе овозможи премин од статус на „можен извор“ во „докажани резерви“.
Како што е наведено, наоѓалиштето се третира како еден од потенцијално важните домашни извори на злато во време кога Турција се обидува да ја намали својата зависност од увоз на скапоцени метали и стратешки суровини.
Бруто пазарната вредност по денешните спотни цени на златото е речиси 1,7 милијарди долари, но ова е теоретска бруто проценка без трошоци. Како што објавува Ројтерс, цената на златото се зголеми за 0,3 проценти на 4.014,59 долари за унца на 3 ноември.
Фото – Pexels



