Калифорнија сака да забрани кафе без кофеин

- Advertisement -

Законодавците во Калифорнија бараат забрана на кафето без кофеин или задолжително менување на рецептите за да се елиминира метилен хллридот, хемикалија поврзана со зголеме ризик од појава на рак. Метилен хлорид, кој се наоѓа и во отстранувачи на боја, вообичаено се користи за екстракција на кофеинот од зрната кафе во текот на производството. И американскиот Фонд за заштита на околината и Меѓународната агенција за истражување на ракот го класифицираат метилен хлоридот како веројатно канцероген поради поврзаноста со разни врсти на рак.

Парламентаеците затоа го претставија законот под назив AB2066, кој предлага забрана на кафето без кофеин направено со оваа хемикалија и наметнува казна од 10.000 долари за производителите кои не го почитуваат овој закон.

- Advertisement -

Американскиот Consumer Group Clean Label Project открил дека 10 од 25 тестирани марки на кафе без кофеин, вклучувајќи ги Amazon Fresh и Kroger’s, содржеле траги од метилен хлорид во 2020 година. Иако нивоата биле под максимално препорачаното ниво од страна на агенцијата за храна и лекови од 10 делови на милион, целта на законот е забрана на таквото кафе без кофеин во Калифорнија од 2021 годиа натаму.

Овој потег на Калифорнија поттикна расправа за тоа дали ќе се забрани и кафето без кофеин направено со алтернативни методи, како што се јаглерод диоксидот и водата. Моментално околу 10% од Американците или вкупно 26 милиони луѓе секојдневно консумираат кафе без кофеин, при што најголем дел од залихите се увезуваат од Германија.

- Advertisement -

Во меѓувреме, американската Агенција за храна и лекови размислува за петиција до Фондот за заштита на околината за забрана на метилен хлоридот во производството на кафе без кофеин. И покрај одобрението на ЕУ и на Агенцијата за храна и лекови, и понатаму постои загриженост за потенцијалните ризици по здравјето на оваа хемикалија, дури и ако студиите не покажуваат директна врска меѓу кафето без кофеин и негативните ефекти на здравјето.

(Daily Mail)

- Advertisement -

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -