Ова се најбараните вештини за работа во 2025 година

- Advertisement -

Глобалната економија е превртена наопаку од пандемијата наваму, но недостатокот на одредени вештини на пазарот на труд ги прави луѓето кои ги поседуваат исклучително барани.

Некои од најголемите платформи за вмрежување и барање работа собраа податоци за да утврдат кои вештини се најбарани од страна на работодавците денес. Во продолжение можете да прочитате кои вештини најмногу се бараат во моментот.

- Advertisement -

Cloud-compyting
Компаниите сè повеќе ги префрлаат своите операции во „облако“, па затоа работат во облак е вештина барана во скоро сите индустрии. Облак-инженерите се одговорни за дизајнирање и управување со системи базирани на „облак“.

Терминот „cloud-computing“ се однесува на технологија што ви овозможува да користите податоци и да работите со сите информации и програми на кои сте навикнати, но кои повеќе не се наоѓаат на вашиот компјутер, туку некаде „во облак“. Тој облак е обично сервер на одредена компанија.

- Advertisement -

Вештачка интелигенција (AI)
AI го менува светот на начини што едвај можеме да ги замислиме. Создавањето модели на AI, нивното тестирање и одржувањето на инфраструктурата на AI се само некои од функциите за кои се неопходни овие вештини.

Вештини за лидерство во продажба
Продажбата е она што на крајот го движи профитот. Лидерите за продажба се вешти во склучување договори и мотивирање на другите. Тие обично имаат одлични комуникациски вештини и силна движечка сила.

- Advertisement -

Аналитички вештини
Аналитичките вештини се потребни во речиси секоја индустрија, бидејќи помагаат во решавањето проблеми и донесувањето одлуки. Тие вклучуваат способност за препознавање шеми, толкување податоци, теоретско размислување и извлекување заклучоци.

Превод
Во глобалната економија вештините за преведување се побарани од кога било. Покрај преведувањето на податоци на друг јазик, разбирањето на културните разлики е исто така вредно.

Развој на мобилни апликации
Денес постои апликација за се што можеме да замислиме. Затоа има огромна побарувачка за луѓе кои можат да развиваат и да одржуваат мобилни апликации.

Менаџирање со луѓе
Вештините за менџирање со луѓе се меѓу најбараните со години, за разлика од многу технички вештини кои доаѓаат и си одат поради брзиот напредок на технологијата.

Видеопродукција
Поголемиот дел од содржината што ја консумираме е видео, па затоа некој мора да ја создаде, особено за професионален маркетинг. Оваа вештина може да се научи од дома, со камера, компјутер, добар микрофон и основен софтвер за уредување.

(MSN/Bizlife)

Сподели!
- Advertisement -