Кинезите ги направија првите фотографии од темната страна на Месечината

- Advertisement -

Кинескиот вселенски ровер направи неверојатни снимки од спротивната страна на Месечината, што во научниот свет се смета за уште еден триумф на кинеската мисија за истражување на Месечината. Станува збор за далечната страна на Месечината, попозната како темна страна затоа што не може да се види од Земјата и е релативно непозната. Теренот на оваа страна од Месечината е набљудуван од лунарните орбити, но никогаш не е истражен на самата површина.

На фотографиите прикажани на државната кинеска телевизија CCTV може да се види роверот Jade Rabbit 2 и леталото Chang’e 4 при првото слетување на површината на Месечината. Тие фотографии со помош на сателит се испратени на Земјата во контролниот центар во Пекинг.

- Advertisement -

Од кинеската Национална вселенска администрација соопштија дека овие фотографии ја покажуваат успешноста на нивната мисија. На фотографиите се гледа каменестата површина на Месечината со испакнатини поради кои ќе биде тешко движењето на роверот по Месечината.

Меѓу фотографиите има и панорама од 360 степени. Благодарение на панорамата може да се види како вселенската сонда е опкружена со мноштво кратери, што е навистина возбудливо. Со оваа мисија кинеските научници веруваат дека се помогнат во разбирањето на настанокот на Сончевиот систем и раѓањето на првите ѕвезди во вселената.

Сподели!
- Advertisement -