Луксембург ја скратува работната недела

- Advertisement -

После пандемијата на КОВИД-19 и откако мнозинството од луѓето се навикнаа да работат по сопствениот биоритам од домашни услови или да одат во канцеларија само на неколку дена неделно или неколку часа дневно, тешко е да се вратиме на старите работни навики.

Но, и пред пандемијата повеќе зеји во светот тестираа работна недела од четири дена затоа што одредени истражувања кои ги направиле покажаа дека на тој начин се добива поголема продуктивност и се постигнува подобар баланс меѓу приватниот живот и работата.

- Advertisement -

Една европска земја е последната во низата кои го следат нивниот пример. станува збор за Луксембург, каде што од Министерството за вработување открија дека размислуваат за усвојување на работна недела од 38 часа. Сето тоа се прави со цел земјата да остане конкурентна и да продолжи да привлекува работна сила од други земји, која им е потребна во моментот.

Пред две недели тоа министерство ги доби резултатите од студијата за ефектите од скратените работни саати. Студијата е направена со цел да собере објективни факти и резултати после дебатата која стана премногу емотивна инанационално и на европско ниво.

- Advertisement -

(Bizlife)

(фото: Pexels)

Сподели!
- Advertisement -