„Среќата ги следи штедливите“ – нова глобална кампања на IKEA

- Advertisement -

Шведскиот бренд за мебел IKEA продолжува со своите напори за промоција на одржливиот начин на живот во најновата глобална кампања “Fortune Favours the Frugal” („Среќата ги следи штедливите“), создадена со помош на агенцијата Mother London.

Централниот едноминутен спот на кампањата отпочнува со сцена на астероид составен од ѓубре кој се движи кон Земјата, заканувајќи ѝ се со уништување. Потоа следуваат сцени од животот на едно семејство и други луѓе кои преземаат позитивни чекори во своето секојдневно однесување со цел намалување на отпадот и штедење на ресурсите и енергијата. Со секој еден од тие позитивни чекори, големината на астероидот се намалува, сé додека не се сведе на едно пластично шише кое паѓа во дворот на семејството и потоа веднаш е ставено во корпа за рециклирање.

- Advertisement -

Рекламата беше оригинално лансирана во Обединетото Кралство и Ирска на 1 јануари, а во периодот што следува таа ќе се најде и на други светски пазари, вклучувајќи ги Соединетите Американски Држави и Холандија.

Кампањата е проследена и со out-of-home и дигитални реклами кои претставуваат производи од ИКЕА кои на потрошувачите може да им помогнат во намалувањето на нивниот негативен импакт врз животната средина, се создадени од рециклирани материјали или имаат изразено добра енергетска ефикасност. Како дел од кампањата се создадени и радио реклами во кои се употребува поезија за да се пренесе пораката дека „штедливоста“  е позитивна карактеристика на луѓето.

- Advertisement -

Извор – Маркетинг 365

Сподели!
- Advertisement -