Нова вештачка интелигенција може да предвиди јачина на цунами за неколку секудни

- Advertisement -

Во 2011 година североисточниот дел од Јапонија беше погоден од разорно цунами, кое одзеде 18.500 животи. Оттогаш досега нацијата се фокуцира на превенирање на слични катастрофи во иднина. Сега истраживачи од Научната лабораторија за предвидување RIKEN користи машинско учење за прецизно да предвиди јачина на цунами за помалку од една секунда, се вели во соопштението од организацијата.

Главната предност на нашиот метод е брзината на предвидувањето, што е најбитно за рано предупредување затоа што конвенционалните модели на предвидување цунами прикажуваат резултати поосле 30 минути, што е премногу доцна.

- Advertisement -

За да можат да предвидуваат цунами за неколку секунди по брегот сега ја имаат поставено најголемата мрежа од сензори на движење на океанското дно во светот. Околу 150 станици се дел од мрежата и заедно даваат рано предупредување на цунами. За ефективно да функционираат податоците генерирани од сензорите мора да се претворат во јачина на цуамито. За тоа вообичаено се потребни тешки нелинеарни равенки и стандарден компјутер кој ќе ги реши за околу 30 минути, но така нем доволно време за евакуација.

Моделот со вештачка интелигенција на RIKEN може да спаси илјадници животи затоа што на луѓето ќе им овозможи да избегаат најмалку половина час пред да удри цунамито. Тимот на RIKEN го обучил нивниот систем за машинско учење со над 3.000 компјутерсаки генерирани цунами и го тестирал во 480 сценарија со цунами и во 3 вистински цунами. Се покажало дека нивниот модел може да даде прецизно предвидување со само 1% од работата која се прави со конвенционалните методи.

- Advertisement -

Сега научниците тврдат и дека овој модел со машинско учење може да предвиди која било природна катастрофа за која е битно да се реагира што побрзо.

(Interesting Engineering)

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -