Во најновиот извештај за глобалните , кој секоја година го подготвува Светска банка, се прогнозира раст од 2,4% на економијата на Македонија. Како што се вели во извештајот, се очекува благо зголемување на растот до 2,7% во 2024 година и до 2,9% во 2029 година.
Според предвидувањата на Светска банка, регионот на Западен Балкан оваа 2023 година ќе за заврши со економски раст од 2,6%.
Меѓу главните фактори кои придонесуваат за ваквите економски прогнози на Светска банка се војната во Украина и последиците кои ги чувствуваат сите, влошените финансиски услови на глобално ниво и се помалата побарувачка во еврозоната.
Од земјите во Западен Балкан најголем економски раст за 2023 година се прогнозира за Косово од 3,7% и за Црна Гора од 3,4%. Нашиот сосед Албанија се очекува да има економски раст од 2,8%, Србија од 2,3%, Бугарија од 1,5%, а за БиХ и за Хрватска се прогнозира раст од 2,5% и 1,9% соодветно.
(фото: Piqsels)