Виталиа потпиша меморандум за соработка со Технолошко Металуршки факултет

- Advertisement -

Македонската компанија за здрава храна Виталиа потпиша меморандум за соработка со Технолошко Металуршки факултет. Соработката ќе има пред се научно-едукативен карактер и ќе подразбира взаемна вклученост во изработка на научно-истражувачки проекти и изготвување на експертски анализи. За таа цел ќе бидат формирани експертски тимови во кој ќе бидат вклучени студенти, професори од факултетот, технолози и останати стручни лица од Виталиа.

За студентите ова претставува исклучителна можност за практична едукација, и од сам почеток да бидат вклучени во техничко технолошки процес за добивање здрав производ. Тоа за нив отвора можност за изработка на идни дипломски, магистерски и докторски трудови, и здобивање на искуства кои можат многу да им помогнат во понатамошната кариера.

- Advertisement -

Виталиа со оваа соработка само ја потврдува својата определба на иновативна компанија која отсекогаш настојувала да ја вклучи науката во процесот на производство на здрави производи, и да ги следи најновите технолошки и потрошувачки трендови

Сподели!
- Advertisement -