ЕБОР со 8 милиони евра ќе ја поттикне енергетската ефикасност во домаќинствата во Македонија

- Advertisement -

ЕБОР започнува со финансирање на домаќинствата преку Програмата за финансирање на енергетска ефикасност (Green energy efficiency financing facility-GEFF), која ќе обезбеди финансирање за подобрувањето на енергетската ефикасност во домовите.

Охридска банка Сосиете Женерал и Шпаркасе банка Македонија потпишаа договор со ЕБОР, со што станаа првите локални банки кои ќе пласираат кредитни линии во вкупен износ од €4 милиони (по €2 милиони секоја) наменети за натамошно кредитирање на домаќинствата. Дополнителни €4 милиони  е планирано да се пласираат преку други локални банки. Овие инвестиции ќе им помогнат на домаќинствата да бидат на повисоко ниво на енергетска ефикасност, ќе ги намалат нивните емисии на гасови и ќе го подобрат нивниот животен стандард. GEFF програмата за Македонија е дел од програмата за Западен Балкан во износ од €85 милиони.

- Advertisement -

Настанот во Скопје на кој се презентира ова финансирање ги собра на едно место учесниците во GEFF, вклучувајќи ги донаторите, државните претставници, претставниците на локалните банки, добавувачите и производителите на соодветни технологии за домовите.

Физичките лица  ќе можат да подигнат кредити од овие партнерски финансиски институции за да се снабдат со технолошки решенија за користење на зелената енергија како што се прозорци со двојни стакла, енергетски ефикасни бојлери или термална изолација за домовите.

- Advertisement -

Домаќинствата кои ќе инвестираат во технологии на енергетска ефикасност ќе можат да аплицираат за грант од ЕУ во износ до 20% од нивната инвестиција. Продавачите и производителите на решенија за енергетска ефикасност за резиденцијалниот сектор исто така ќе можат да пристапат до финансирањето од GEFF програмата. Како дополнување на самото финансирање, оваа програма обезбедува и техничка помош, вклучувајќи ревизија на енергетската состојба за реновирање на станбените згради.

- Advertisement -

GEFF програмата во Македонија се имплементира под Регионалната програма за енергетска ефикасност (GEFF) за Западен Балкан (Regional Energy Efficiency Programme for the Western Balkans-REEP Plus), финансирана од ЕУ и имплементиранa во партнерство со Секретаријатот за енергија на заедниците. Програмата го поддржува и развојот на законот за енергетска ефикасност во земјата согласно европските директиви за енергетска ефикаснсот и користење на истата во згради. Вкупниот износ на распoлагање за финансирање за станбениот сектор во износ од €135 милиони е поддржан со дополнителни €30 милиони од ЕУ фодовите и €1,8 милиони од Европскиот заеднички фонд за Западен Балкан, како и €3.3 милиони обезбедени од австриското федерално Министерство за финансии.

Повеќе информации можете да пронајдете на следниов линк.

Сподели!
- Advertisement -