Бизнис корисниците мета на повеќе од 26% од ransomware нападите

- Advertisement -

Според најновиот извештај на Kaspersky Lab, процентот на бизнис корисници нападнати од ransomware во 2017 година се зголеми на 26,2% од 22,6% во 2016 година.

„Добредојдовте во ransomware во 2017 година, годината кога глобалните претпријатија и индустриските системи се додадоа на листата со жртви, а таргетираните напаѓачи почнаа сериозно да се интересираат за заканите. Исто така, во 2017 постојано имаше висок број на напади, а лимитирани иниовации“ се вели во извештајот.

- Advertisement -

Бројот на нови ransomware фамилии се намали за речиси половина – од 62 во 2016 година на 38 во 2017. Истовремено, бројот на модификации на злонамерниот софтвер речиси се дуплираше – од 54.000 во 2016 на повеќе од 96.000 во 2017.

65% од бизнисите нападнати од ransomware го изгубија пристапот до голема количина од податоците, додека 36% од нив го платија откупот, а 17% никогаш не ги добија назад блокираните податоци.

- Advertisement -

Трите најголеми напливи на ransomware се случија:- WannaCry во мај, NotPetya во јуни и Bad Rabbit во октомври – ја подигнаа свеста за оваа закана.

„Најголемите напади во 2017 година се екстремен пример за зголемениот интерес од криминалците да се таргетираат корпорации. Овој тренд беше забележан во 2016 година, но во 2017 година се засили и нема знаци дека ќе се забави“ вели аналитичарот на злонамерен софтвер од Kaspersky Lab, Федор Синицин.

- Advertisement -

„Бизнис жртвите се многу ранливи, може да платат повисок откуп отколку поединците и почето плаќаат затоа што им требаат податоците за да работат. Нови векторски зарази, на пример, преку десктоп системи, исто така веројатно се на повидок“ додава Синицин.

Според извештајот Malwarebytes, пак, бројот на напади со ransomware во првите три квартали од 2017 година поголем е за 62% отколку вкупните напади во 2016 година.

Детекциите на ransomware се зголемени од 16.000 во септември 2015 година на стотици илјади во септември 2017 година. Само во 2017 година детекциите на ransomware се зголемени за повеќе од 300% – од 90.351 во јануари на 333.871 во октомври.

Според извештајот, ransomware ги замени ботнетовите, чија употреба во првите три квартали годинава е намалена за 50%.

Познавањето на сајберкриминалот и најдобрите практики за безбедност треба да постојат на сите нивоа во една организација. Поради бројноста на слабите точки од рецепција до надворешните соработници, размената на знаење, свеста и увидот се клучни за препознавање на заканите.

Извршниот директор треба да е најголем познавач на сајбер безбедноста и тоа најдобро ќе им помогне на бизнисите да се заштитат самите себе. На сајбер безбедноста треба да се гледа како на инвестиција во доверба наместо како начин да се превенираат штети или загуби.

Според посебен извештај на Fortinet, 22% од компаниите детектирале ransomware само во третиот квартал на 2017 година.

Овластен дистрибутер на Kaspersky Lab за Македонија е Кабтел дооел Скопје
http://kabtel.mk/mk/kaspersky.php

Сподели!
- Advertisement -