ВИДЕО: Кинески трамваи на кои не им требаат шини се иднината на урбаниот превоз

- Advertisement -

Овие кинески трамваи се нешто помеѓу традиционален трамвај и автобус. Тие имаат гумени гуми наместо шини, но возењето со нив е многу попријатно затоа што во себе имаат посебна технологија за стабилизација.

Трамваите се викаат Autonomous Rapid Transit (ART) и моментално сообраќаат во три кинески градови. Со овие трамваи управува иста технологија како кај автономните автомобили и наместо да добиваат енергија од жици поставени во воздух, тие ги полнат батериите на секоја постојка.

- Advertisement -

ART се 10 поевтини отколку да се направи традиционален трамвај и шини и може да се подготват за сообраќање за само неколку недели затоа што нема потреба од поставување шини по патот.

Се повеќе земји планираат воведување на трамваи без шини, меѓу кои и Малезија, Израел и Австралија. Експертите велат дека овие трамваи можат да ги заживеат преградијататака што ќе постават редовна врска со градските центри и ќе ги заменат автомобилите со одржлива алтернатива.

- Advertisement -

Австралија наскоро треба да ги тестира овие возови во предградие на Перт.

- Advertisement -

(World Economic Forum)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -