Еве како изгледа најскапиот телефон во светот

- Advertisement -

Луксузниот бренд Caviar ја претстави својата нова iPhone 11 Pro наречена Discovery. Овој пат темата е Сончевиот систем, а најимпресивната варијанта се вика Ѕolarius и доаѓа со половина килограм 18-каратно злато на позадината.

Цената на телефонот е нешто повеќе од 70.000 долари и тоа е најскапата iPhone 11 Pro верзија која можете да ја купите. Цената може да се зголеми на 71.520 долари ако се одлучите за 512 GB варијантата iPhone 11 Pro Max.

- Advertisement -

Обожавателите на Caviar и на Apple можат да набават и iPhone без дополнителни 500 грама злато ако се одлучат за опциите Mars, Terra или Luna. Тие имаат вграден вистински камен од небесни тела, односно од планетата Марс, метеоритот Царев или од Месечината. Нивната цена е поскромна – 8.100 и 8.260 долари.

Има и рачни часовници со истите камења, а ги има во ограничена количина – 19 со делови од Месечината, 19 со делови од Марс и 99 со делови од метеоритот. Сите уреди доаѓаат со копија на потврда од Музејот на минерали Ферсман, еден од најголемите музеи на минерали во светот, кој се наоѓа во Москва.

Сподели!
- Advertisement -