Facebook бара од корисниците да му дозволат користење технологија за препознавање лице

- Advertisement -

Технолошката компанија Facebook од своите корисници во Европа и во Канада да му дозволат да користи технологија за препознавање лице за да може да ги идентификува на фотографии и видеа, пренесува 24sata. Facebook оваа технологија почна да ја користи уште во 2011 година надвор од Канада, но идната година престана тоа да го прави на територијата на Европската унија откако беа покреанти кампањи за заштита на приватноста.

Овој потег веројатно ќе биде контроверзен. Имено, компанијата моментално се наоѓа среде скандал поради поврзаноста со користењето приватни информации од корисниците на социјалната мрежа во предизборната кампања на Доналд Трамп од страна на британската компанија Cambridge Analytica. Оваа социјална мрежа исто така е соочена со тужба од САД поради користењето технологија за препознавање лице без дозвола од корисниците.

- Advertisement -

Биометриската идентификација и анализирањето милијардо фотографии на платформата сериозно ги зголемува ризиците по приватноста на корисниците. Facebook сега има должност да докаже дека научил да го почитува законот, а не да докажува дека своите способности за надзор може да ги подигне на уште повисоко ниво“, сметаат некои експерти.

Од корисниците на Facebook надвор од ЕУ и Канада во наредните неколку месеци ќе биде побарано да разгледаат сличен сет на контрола на приватноста, но тие и понатаму ќе бидат предмет на технологија за препознавање лице освен ако ја исклучат опцијата. Во Facebook веруваат дека со оваа технологија корисниците ќе имаат причина повеќе да поминуваат повеќе време на социјалната мрежа. Тоа, пак, ќе и овозможи на компанијата на корисниците да им прикажува повеќе огласи и да научи повеќе за нивните интереси.

Сподели!
- Advertisement -