Amazon патентираше огледало кое ви овозможува виртуелно да пробувате облека

- Advertisement -

Сте пробале ли онлајн да купите фустан или костим за свадба или некој друг свечен момент додека се прашувате како ќе изгледа таа облека на вас? Наскоро тоа веројатно нема да биде проблем затоа што Amazon патентираше решение. Гигантот поднесе патент за огледало со мешовита реалност кое ви овозможува виртуелно да пробувате облека.

Патентот го опишува огледалото како делумно рефлективна површина со микс од дисплеи, камери и проектори за да се креира сликата. Огледалото функционира така што ја скенира околината за да генерира виртуелен модел и потоа го идентификува лицето и очите на корисникот за да утврди кои предмети треба да се видат во одразот. Кога ќе заврши процесот, виртуелната облека и целата сцена се прикажуваат на огледалото.

- Advertisement -

 

Сподели!
- Advertisement -