Huawei подготвува флексибилен телефон со шест камери и паметно пенкало

- Advertisement -


Според новите информации кои се појавија на интернет, Samsung треба да се плаши од конкуренцијата на Huawei и неговиот флексибилен телефон Huawei Mate X2. Според патентот кој го поднела кинеската компанија, телефонот ќе има два екрани, едниот со големина на нормален телефон, а другиот со големина на среден таблет, понатаму ќе има шест камери и паметно пенкало.

Успехот на овој смартфон нема да зависи само од врвните спецификации, туку од од тоа дали е вклучен посебен софтвер и од ситуацијата на глобалната политичка сцена. За жал, телефоните денес се во центарот на овој дигитален универзум, а Huawei е принуден да се брани од нападите на своите конкуренти.

- Advertisement -

Huawei, исто така, ќе треба да поработи на издржливоста на новиот флексибилен телефон со оглед на тоа дека исто како првата верзија на Samsung Galaxy Fold, првите верзии на Huawei Mate X уредите не беа издржливи во реални услови. Сега и двете компании работат на втората генерација флексибилни уреди и воведвањето на опцијата 5G конективност за своите најскапи телефони во текот на годинава.

Сподели!
- Advertisement -