Реализиран првиот трансатлантски лет со користење на 100% одржливо гориво

- Advertisement -



Авион на компанијата Virgin Atlantic го направи првиот трансатлантски лет користејќи 100% одржливо гориво, а во текот на процесот биле заштедени 95 тони јаглерод диоксид, покажале резултатите.

Од Virgin Atlantic тврдат дека одржливото авијациско гориво е безбедно за користење со постоечката инфраструктура и дека може да доведе до значително намалување на емисијата на CO2.

- Advertisement -

На моторите на авионот не биле направени никакви модификации, како ни на системот за гориво, а летот бил рeализиран според безбедносните стандарди кои се вообичаени за комерцијалните летови.

Авионот Boeing 787 со Rolls-Royce Trent 1000 мотори полетал од аеродромот Хитроу во Лондон и го заврпил својот лет на аеродромот Џон Кенеди во Њујорк на 28 ноември 2023 година. Тоа е првиот комерцијален авион кој го прелетал Атлантикот користејќи 100% SAF gorivo.

- Advertisement -

Резултатите од летот, кои само што се направени, покажале дека SAF ја намалил емисијата на други честички неповрзани за CO2 за 40%. Од компанијата Virgin тврдат дека користењето на SAF може да има големо влијание за подобрување на квалитетот на воздухот и намалувањето на формирањето на траги зад авионот.

Моментално SAF претставува помалку од 0,1% од глобално коростеното авионско гориво. Моменталните стандардни горива дозволуваат само 50% мешавина од SAF во комерцијалните млазни мотори, така што индустријата и власта мора да реагираат и да создадат SAF индустрија.

- Advertisement -

Горивото кое го користел авионот на Virgin е уникатна мешавина од 88% HEFA (хидропроцесирани етери и масни киселини).HEFA се прави од отпадни масти, а SAK од отпадно билни шеќери. SAK е потребен во мешавината на SAF за да му даде ароматика за моторите.

(Klix.ba)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -