Со овие патики можете бесплатно да патувате со метрото во Берлин

- Advertisement -

Најголемата транспортна компанија во Берлин, BVG во соработка со компанијата Adidas Originals направи уникатен пар патики кои ви овозможуваат бесплатно да патувате со метро. Лимитираната серија патики е дизајнирана да личи на шемата на платното на седиштата во метрото и во „јазикот“ имаат вградена годишен билет за патување со BVG.

Секој што има такви патики во периодот од 16 јануари до 31 декември 2018 година ќе може бесплатно да патува низ целата мрежа на BVG. Произведени се само 500 пара такви патики и се достапни во продавницата на Аdidas Original и во Overkill во Берлин по цена од 180 евра.

Сподели!
- Advertisement -