Се зголемува животниот век во ЕУ: еве каде луѓето живеат најдолго и најкратко

- Advertisement -


Најдолг животен век во земјите на ЕУ е забележан во Шпанија и изнесува 84 години, покажуваат прелиминарните податоци за 2023 година објавени од Евростат. Потоа следуваат Италија со 83,8 години и Малта со 83,6 години.

Според прелиминарните податоци, очекуваниот животен век во ЕУ во 2023 година бил 81,5 години, што е за 0,9 години повеќе од 2022 година и за 0,2 години повеќе од нивото пред пандемијата на корона вирусот во 2019 година.

- Advertisement -

Се наведува дека во 15 земји животниот век го надминал просекот на ЕУ. Спротивно на тоа, најкраткиот животен век е забележан во Бугарија со 75,8 години, потоа Летонија со 75,9 години и Романија со 76,6 години.

(Bizlife)

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -