Компанијата на младиот Хрват Мате Римац, Rimac Automobili, ќе гради фабрика во Кина

- Advertisement -

Хрватската компанија Rimac Automobili, чиј основач и извршен директор е 30-годишниот иноватор Мате Римац, ќе гради фабрика во Кина. Во октомври минатата година хрватската компанија за автомобили доби инвестиција од страна на најголемиот азиски производител на батерии, Camel Group Ltd.. Беше склучен договор за инвестиција од дури 30 милиони евра. Како што изјавија тогаш од Rimac Automobili, парите требаше да се користат за финансирање на нови производи, проширување на производните капацитети и глобално ширење на компанијата.

Сега Rimac Automobili и Camel Group се договорија до крајот на годинава во Кина да се изгради фабрика за електрични мотори и батерии вредна 134,3 милиони евра, пишува SEEBiz.eu. Во новата фабрика Rimac ќе го инвестира своето знаење и 5 милиони евра, а ќе добие 40% сопственост. Ваквиот епилог не е изненадување ако се знае дека Мате Римац неодамна истакна дека повеќе од 80% од производството му оптаѓа на Кина. Освен тоа, станува збор за реализација на неодамна најавениот план на кинеската компанија Camel Group да инвестира 30 милиони евра во Rimac Аutomobilи и Greyp Bikes на Мате Римац.

- Advertisement -

Договорот предвидува купување на B серија повластени акции. Од Camel потврдија дека потпишале рамковен договор за инвестирање во компанијата. Конкретно, ќе инвестираат 27 милиони евра во Rimac Automobilи и 3 милиони евра во Greyp. Rimac Automobili е компанија која изработува компоненти и дизајн за клиенти како Aston Martin Lagonde и Koenigsegg Automotive, која трипати ја зголеми својата вредност од 2014 досега и сега се проценува дека вреди повеќе од 200 милиони евра.

Но, компанијата прави и свои автомобили. Првиот електричен автомобил, Concept One, беше претставен пред неколку години, додека пред неколку дена Мате Римац на саемот за автомобили во Женева го претстави нивниот најнов автомобили, Rimac C_Two, вреден дури 1,7 милијарди евра.

Сподели!
- Advertisement -