- Advertisement -
Американската групација Мета, која ги поседува Фејсбук (Facebook), Инстаграм (Instagram) и ВацАп (WhatsApp), соопшти дека им забранува на руските државни медиуми пристап до тие платформи ширум светот, „за да се избегне странско мешање“.
– По внимателно разгледување, ја проширивме нашата акција против руските државни медиуми, се наведува во соопштението од Мета.
- Advertisement -
Одлуката за забрана е донесена откако американскиот државен секретар Ентони Блинкен минатата недела ги осуди дестабилизирачките активности на рускиот медиум „Раша тудеј“ (Russia Today).
Фото- Pixabay
- Advertisement -