ВИДЕО: Иновативни прозорци за нецела минута се претвораат во балкони

- Advertisement -

Bloomframe се иновативни прозорци кои магично се претвораат во балкон за само 55 секунди. Тие овозможуваат зиградба на флексибилни домови. Со отворање на рамктата на прозорците може да се излезе надвор од фасадата на зградата и да се ужива во свежиот воздух на балкон.

Bloomframe може да се управуваат автоматски со едноставно притискање на копче и на корисниците им овозможуваат вистински балкон, поголема светлина во домот и поголем простор. Овие прозорци повеќе не се прототип. Револуционерниот и наградуван дизајн сега е во производство и во блиска иднина ќе се најде на многу урбани градби. Првиот модел на прозорците бил инсталиран на зграда во Амстердам во 2017 година.

- Advertisement -

Креаторите на прозорците, холандската компанија HofmanDujardin, велат дека Bloomframe прозорците наскоро ќе бидат задолжителен елемент на сите модерни градби во градовите бидејќи се повеќе архитекти, девелопери и градежни компании ги гледаат функционалните и естетските бенефити на прозорците.

The Bloomframe Window

Innovative window morphs magically into a balcony within a minute.

Posted by Startup Selfie on Вторник, 16 јуни 2020
Сподели!
- Advertisement -