ФОТО-ГАЛЕРИЈА: Шведска доби несекојдневен хотел и спа на вода

- Advertisement -

Шведската компанија Off the Map Travel откри планови за нов хотел и спа на вода на реката Лулe. Arctic Bath Hotel and Spa ќе биде совршеното место за да се ужива во поларната светлина и да се подобрува здравјето додека гледате во несекојдневни пејзажи.

Како што пишува Inhabitat, компанијата е специјализирана за луксузни авантуристички одмори и на луѓето им нуди егзотични опции за патување на автентични дестинации. Најновата нивна понуда е овој пловечки хотел кој замрзнува среде река на зима и плови по неа во лето.

- Advertisement -

Arctic Bath Hotel and Spa е кружна градба во која има соба за спа, четири сауни, надворешна бања со ладна вода, бања со топла вода, надворежни и внатрешни тушеви и две соби за пресоблекување за посетителите. Шесте хотелски соби исто така пловат или остануваат замрзнати на реката Луле. Проектот веќе се гради со локални материјали и ќе биде отворен за преноќување на почетокот на годинава.

Сподели!
- Advertisement -