SpaceX доби одобрение за лансирање на ракетата за Марс

- Advertisement -


Конечно ќе се случи и тоа – SpaceX може и официјално да ја лансира својата колосална ракета за Марс, Starship. Лансирањето ќе се случи од Јужен Тексас. Федералната агенција за авијација заклучи дека целта на приватната компанија за вселенски летала на Маск да прави орбитални летови со Starship не го загрозува регионот на Бронсвил, Тексас.

Иако остануваат да се направат уште 75 работи за да се намали еколошкиот импакт на Starship врз средината, ова значи дека целта на Маск да испрати луѓе на Марс конечно станува реална.

- Advertisement -

Иновативниот систем на SpaceX, Starship, ќе биде во главниот фокус на проектот Artemis на НАСА, која има за цел да ги врати луѓето на Месечината и да ги однесе уште подлабоко во вселената. Најбитно ќе биде да се постави населба на Марс, но сега со одобрението од Агенцијата за авијација на Маск му се одврзани рацете да ги остварува своите соништа.

Но, има некои правила кои мора да ги почитува. Прво, мора однапред да ги најави своите лансирања. Мора исто така да ги следат ефектите на живиот свет и на вегетацијата во регионот во координација со државни биолози и федерални агенции. Понатаму, мора да се осигураат дека отпадоците од секое лансирање веднаш ќе бидат безбедно отстранети од чувствителните животни средини. Осветлувањето во регионот ќе мора да се прилагоди за да се намали ефектот врз живиот свет, како и на блиската плажа.

- Advertisement -

Исто така, од SpaceX се бара и да се ограничи затворањето на автопатот во близина на местото на лансирање за обичните луѓе да можат да одат на блиската плажа, паркот и да уживаат во природата. Од агенцијата велат дека автопатот не смее да биде затворен на 18 празници, како и не повеќе од пет викенди годишно.

(Interesting Engineering)

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -