Прототип на батерија развиена и патентирана од австралиски хемичари го намалува влијанието врз животната средина додека го зголемува капацитетот за складирање енергија
По испитувањето на можностите за користење талог од кафе како еколошки одржлива компонента за производство на батерија, австралиските истражувачи отидоа да ги испитаат соединенијата од винската и јаболковата киселина како компонента што би ги направила литиум-јонските батерии поефикасни, достапни и поодржливи.
Развиен и патентиран од страна на хемичари на UNSW, прототипот исто така го намалува влијанието врз животната средина додека го зголемува капацитетот за складирање енергија.
Овој вид на батерија е слична на онаа што би ја користеле во мобилен телефон, само помала, објаснуваат истражувачите. Нејзината електрода наместо графит користи соединенија добиени од винска и јаболкова киселина. Тие се јавуваат природно во многу растенија, лесно се достапни, обично се помалку агресивни и ги содржат сите потребни функционални групи или хемиски својства.
Се користат како кисела компонента во прашокот за пециво, но и во производството на пенливо вино и вино бидејќи при ферментација ја намалуваат рН вредноста, што го спречува развојот на непожелни бактерии и по ферментацијата делуваат како конзерванс, објаснуваат австралиските хемичари, кои би користеле отпад од храна за да ја направат компонентата на батеријата.
Оваа технологија се покажа како применлива и за натриум-јонските батерии, а истражувачите сега експериментираат со големини на батерии и циклуси на тестирање на различни температури.
(Bug.hr)
(фото: Max Pixel)