Учете бесплатно онлајн на 190 универзитети во светот!

- Advertisement -

Додека седиме дома во самоизолација, во карантин или едноставно заради превенција на опасноста за заразување со корона вирусот не излегуваме надвор и не се дружиме со пријателите и семејството, имаме многу повеќе слободно време за да се посветиме на нашите одамна заборавени хобија или нешто што отсекогаш сме сакале да го научиме, но некако сме го запоставиле поради некои други обврски.

Е па, сега е вистински момент да реализирате некоја од тие неостварени желби. Поради неможноста да се посетуваат предавања во училишта, факултети, универзитети, се е преселено онлајн. Сега дури имате шанса да следите некој беслатен курс на некои од најпрестижните универзитети во светот.

- Advertisement -

На овој линк можете да пронајдете бесплатни курсеви што ги нудат 190 универзитети од светот. Темите се поделени на неколку групи: програмирање, инженеринг, компјутерски науки, социјални науки, наука, уметност и дизајн, математика, хуманистички науки, бизнис, здравје и медицина, дата науки, образование и учење и личен развој.

Сите курсеви се бесплатни, но внимавајте при приклучување на некој курс дали целиот курс е бесплатен или има само една недела пробен период кој е бесплатен, а потоа се наплаќа одредена месечна сума. На курсевите се нудат и сертификати, кои или ги даваат бесплатно или треба да се плати одредена сума.

Сподели!
- Advertisement -