Шест трендови на вештачка интелигенција кои ќе ја одбележат 2025 година

- Advertisement -

Вештачката интелигенција е се подобра секој ден. Фотографиите кои таа ги создава изгледаа вештачки до пред неколку месеци, но сега е сè потешко да се разликува која фотографија е направена од човек, а која од вештачка интелигенција. И тоа е само еден пример.

Во последните две години вештачката интелигенција доживеа вистинска експлозија и го промени животот на голем број луѓе. Прашањето е – што не чека во 2025 година?

- Advertisement -

Од Microsoft веруваaт дека агентите напојувани со вештачка интелигенција значително ќе ги подобрат индустриите, работните места и секојдневниот живот. Покрај зголемувањето на продуктивноста, овие агенти ќе ги извршуваат задачите и автономно, оптимизирајќи го работниот тек и дозволувајќи им на луѓето да се фокусираат на позначајни активности.

Надоврзувајќи се на достигнувањата во 2024 година, каде што алатките со AI станаа незаменлив дел од секојдневните задачи, вештачката интелигенција е подготвена за следниот голем скок. Употребата на генеративна вештачка интелигенција порасна од 55% во 2023 година на 75% во 2024 година, при што организациите постигнаа поврат од 3,70 долари за секој инвестиран долар. Како што се забрзува усвојувањето на вештачката интелигенција, а деловните системи ќе ја реализираат вредноста во рок од само 13 месеци, се проценува дека вештачката интелигенција ќе придонесе 2,7 трилиони американски долари во европскиот БДП до 2030 година.

- Advertisement -

Моментот на трансформацијата на вештачката интелигенција ќе продолжи да расте бидејќи организациите ја прифаќаат вештачката интелигенција за да ги редефинираат своите операции и да постигнат поголема вредност. Персонализираните алатки за вештачка интелигенција им помагаат на корисниците полесно да се справат со големи количини на информации на работното место.

Вештачката интелигенција продолжува да се развива, а 2025 година ќе биде година на револуционерни трансформации, велат од Microsoft. Агентите напојувани со вештачка интелигенција, со подобрена меморија, способности за расудување и мултимодални карактеристики ќе ги револуционизираат процесите низ индустриите и ќе им овозможат на луѓето да комуницираат со технологијата на попаметни и поефикасни начини.

- Advertisement -

Клучна тема ќе биде поставувањето ограничувања на автономијата на агентите и одржувањето на човечкиот надзор, за да се осигура дека овие подобрувања се влијателни, одговорни и инклузивни.

Земајќи го предвид сето горенаведено, Microsoft состави листа од шест клучни трендови во светот на вештачката интелигенција кои би можеле да ја одбележат 2025 година.

Моделите со вештачка интелигенција ќе станат поспособни и покорисни
Моделите со вештачка интелигенција ќе бидат побрзи, поефикасни и прилагодени на специфичните потреби. Овие напредни модели ќе решаваат сложени проблеми во науката, правото и здравството, нудејќи алатки за споредба на договори, генерирање код и извршување на работниот тек.

Агентите за вештачка интелигенција ќе ја редефинираат работата
Агентите за вештачка интелигенција ќе ги трансформираат работните места со автономно управување со повторувачки и сложени задачи, од решавање на ИТ проблеми до оптимизирање на работниот тек. Алатките ќе им овозможат и на програмерите и на нетехничките корисници да градат агенти, подобрувајќи ја соработката и ефикасноста на работното место.

AI придружници во секојдневниот живот
Алатките за вештачка интелигенција ќе го направат секојдневниот живот поефикасен – тие ќе помогнат да се приоретизираат задачите, да се сумираат вести и да се понуди визуелна помош. Функциите како Copilot Vision ќе ја разберат и ќе ја анализираат содржината што корисниците ја гледаат на интернет, зголемувајќи ја продуктивноста и ангажираноста на корисниците.

Одржлив развој на вештачката интелигенција
Се поголем е акцентот на „зелената“ вештачка интелигенција, која вклучува изградба на центри за податоци кои не користат вода за ладење и работат со користење на обновливи и чисти извори на енергија како ветер, геотермална, нуклеарна и сончева енергија.

Адаптивна и одговорна вештачка интелигенција
Организациите ќе имаат поголема контрола врз апликациите за вештачка интелигенција, со алатки за приспособување на филтри, управување со содржина и поставување безбедносни граници. Microsoft го унапредува тестирањето за да ги намали ризиците како неточноста на вештачката интелигенција, истовремено овозможувајќи им на бизнисите одговорно да користат вештачка интелигенција.

Вештачката интелигенција ги поттикнува научните откритија
Вештачката интелигенција поттикнува трансформативен напредок во науката, одржливоста и здравствената заштита. Од временска прогноза до откривање лекови, алатките за вештачка интелигенција ги забрзуваат истражувањата и иновациите. Во 2025 година вештачката интелигенција се очекува значително да ја подобри продуктивноста во справувањето со предизвиците како што се климатските промени и јавното здравје.

Нова ера на синергија помеѓу моделите и агентите со вештачка интелигенција
Во 2025 година синергијата меѓу тоа како се обучуваат моделите со вештачка интелигенција и како тие обучуваат интелигентни агенти ќе станува сè поголема. Поединци и организации ќе можат да избираат или да развиваат модели на вештачка интелигенција прилагодени на нивните специфични потреби, што ќе создаде поголеми можности за иновации и влијание врз бизнисот.

(Zimo)

Сподели!
- Advertisement -