Google отвора физичка продавница

- Advertisement -

Компанијата Google летово ја отвора својата прва физичка продавница во Њујорк, каде што на купувачите ќе им нуди оп

ема и услуги. Новата продавница ќе биде дел од кампусот на компанијата во квартот Челси.

- Advertisement -

Од компанијата најавуваат дека на потрошувачите во продавницата ќе им бидат достапни Pixel телефони, Nest производи, Fitbit уреди итн. Google претходно експериментираше со помали поп-ап продавници каде што ги продаваше своите производи.

Најавувајќи го отворањето на продавницата, од Google напишаа дека искуството на купување таму може малку да се разликува од она на што се навикнати купувачите поради пандемијата на КОВИД-19. За да се осигура здравјето и безбедноста на потрошувачите и на вработените, заштитните маски, дезинфекцијата на рацете и одржувањето соодветно растојание ќе биде задолжително.

- Advertisement -

Персоналот ќе ги чисти просториите неколку пати дневно, а бројот на посетители во продавницата ќе биде ограничен. Додаваат и дека редовно ќе се следат упатствата на локалните и на државните власти и по потреба ќе се прилагодат мерките.

(SEEBiz.eu)

- Advertisement -

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -