Мeta платформата, матичната компанија на Facebook, Instagram и WhatsApp, најави отпуштања за приближно 5% од своите вработени врз основа на прегледите на перформансите. Околу 3.600 вработени би можеле да бидат отпуштени. Планираните отпуштања ќе ги опфатат вработените во САД, како и на други пазари ширум светот.
Во меморандум до вработените извршниот директор на компанијата, Марк Цукерберг, одлучи да ги подигне стандардите за управување со перформансите и да го забрза процесот на отпуштање на оние со пониски перформанси.
„Вообичаено, намалувањата се прават во текот на целата година, но сега ќе преземеме поопсежни намалувања врз основа на перформансите како дел од овој циклус“, рече Цукерберг, нагласувајќи дека Meta е во фаза на интензивно реструктуrирање.
(Poslovni Dnevni)
(фото: Flickr)