Илон Маск соопшти дека го вградиле првиот чип во човечки мозок

- Advertisement -

Илон Маск вели дека неговата компанија Neuralink по прв пат успешно вградила еден од своите безжични чипови бо мозок на човек. „Почетните резултати покажуваат ветувачки нервни импулси и пациентот добро закрепнува“ рече Маск.

Целта на компанијата е да го поврзе човечкиот мозок со компјутери и да помогне во решавање на сложени невролошки состојби. Многу конкурентски компании веќе имаат вградено слични уреди.

- Advertisement -

Агенцијата за храна и лекови на САД во мај минатата година на компанијата на Маск и даде дозвола за тестирање чипови на луѓе, што беше вистински пресврт. Со тоа му дадоа зелено светло за почеток на шестгодишна студија. На пациентите кои ќе учествуваат во студијата ќе им бидат вградени чипови во дел од мозокот кој ја контролира намерата за движење.

Чиповите ќе ги вградува робот, а потоа истите ќе снимаат и ќе испраќаат мозочни сигнали до апликација, со почетна цел на луѓето да им се овозможи да ја контролираат тастатурата или стрелката на глушецот со своите мисли, тврдат од Neuralink.

- Advertisement -

Маск на својата социјална мрежа X објави дека првиот производ на Neuralink ќе се вика Telepathy.

(021)

- Advertisement -

(фото: Neuralink)

Сподели!
- Advertisement -