Ова е првото шише во светот кое се чисти самото

- Advertisement -

Ова е шишето Mahaton, првото шише во светот кое има опција за безжично полнење на батериите и се чисти самото. Модерниот дизајн на шишето е инспириран од архитектурата. Шишето ја одржува водата во него чиста во секој момент.

Високо е 23 сантиметри, а собиа 350 мл течност. Опцијата за стерилизација на водата е најбитниот момент кај Mahaton. Благодарение на UV-C LED технологијата од Силиконската Долина шишето уништува 99.9% од бактериите, кои може да се најдат во водата, за само 90 секунди, а чистењето се активира со допир на капачето. Дури и НАСА ја користи оваа технологија за стерилизација на водата во вселената.

- Advertisement -

За првпат оваа технологија за чистење ја употребила НАСА за стерилизирање на ракавиците на астронаутите и за да им обезбеди чиста вода за пиење, а сега е достапна за обичниот човек.

Mahaton Self-Cleaning Bottle е шише кое е направено од нетоксични материјали со процес кој не испушта штетни хемикалии во животната средина. Секоја секунда во светот се фрлаат 20.000 пластични шишиња за еднократна употреба, па решенијата како ова се неопходни.

- Advertisement -

Во моментот е во тек кампања за финансирање на платформата Kickstarter. Доколку сакате да си набавите едно вакво шише со врвна технологија, имате уште 21 ден да донирате најмалку 44 долари и со бесплатна достава да го очекувате вашиот Mahaton во септември годинава.

Сподели!
- Advertisement -